Вејн Руни (31) може да го напушти Манчестер јунајтед до крајот на неделава, тврдат англиските медиуми. Причината е во Жозе Мурињо. Иако португалскиот стратег на клупата на „црвените ѓаволи“ тврди дека „никогаш не би го избркал Руни“, сепак, додека е тој на клупата, капитенот ќе добива „дозирана“ минутажа. А, за играч со негово реноме и на негова возраст тоа е неприфатливо.
Од целата ситуација во Манчестер јунатед може да профитираат Кинезите кои за Руни имаат понуда што не се одбива – 42 милиони евра годишно. Доколку ја прифати кинескаат понуда, Руни ќе стане најдоброплатениот напаѓач во историјата. Станува збор за клубот Тијанџин Кванџин во кој е и Фабио Канаваро.
Шпекулациите за заминувањето на Руни од Манчестер јунајтед дополнително ги потикна и тоа што тој не е на списокот на Мурињо за вечерашниот дуел во Франција против Сент Етјен, иако официјалното известување од клубот вели дека Руни нема да игра поради повреда.
На прашањето дали Руни ќе остане во Манчестер јунајтед, Мурињо даде „дипломатски“ одговор.
„Тоа ќе мора да го прашате него. Се разбира дека јас не можам да гарантирам. Не можам да гарантирам ни дека јас ќе бидам овде следната недела, како можам да гарантирам дека играч ќе биде со нас и во следната сезона? Она што можам да го гарантирам е тоа дека ако Вејн Руни еден ден и замине, тоа нема да биде затоа што јас така сакам. Тоа е единствена работа што можам да ја гарантирам. Никогаш не би бркал легенда на овој клуб да оди во некој друг. Тоа не е прашање за мене бидејќи јас сум среќен што го имам во тимот“ – изјави Жозе Мурињо.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА