Жозе Мурињо има причина да биде разочаран откако не успеа да го внесе Манчестер јунајтед во четвртфиналето од Лигата на шампионите. „Специјалниот“ беше неочекувано смирен во изјавата по натпреварот, посочувајќи го првиот гол на Севилја како клучен момент на натпреварот.
„По оние 0-0 во Шпанија знаевме дека првиот гол ќе биде клучен. Имавме убави шанси ние да го постигнеме, а ппотоа тие дадоа гол во најлош момент. Се стана премногу емотивно, бевме во шок, а кога примивме и втор гол се беше готово. Честитки на Севилја за победата, а јас на моите играчи не можам да им замерам ништо, имаа и желба за победа и создадоа шанси што за жал не беа искористени. Можам да ви посочам многу сличности од дуелот со Ливерпул од пред неколку дена, но тоа е фудбал, денеска загубивме“ – изјави Мурињо.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА