Жозе Мурињо се соочува со огромни проблеми со составот на Рома за неделниот дуел со неговиот поранешен клуб Интер, откако „волчицата“ остана без неколку клучни играчи.
Прв на листата е англискиот голгетер Теми Абрахам, кој дефинитивно нема да биде во тимот за саботниот дерби-дуел со „нероаѕурите“. Проблемите со нападот на „волчицата“ се уште посериозни ако се знае дека повреден е и Ел Шарави, кој ќе мора да паузира три седмици и ќе може да се врати на терените на почетокот од 2022 година.
Покрај нив, во стројот против Интер ќе го нема ниту десниот бек Карсдорп, како и главниот играч за врска Пелегрини, кој исто како и Ел Шарави нема да може да се врати во тимот до крајот на годинава.
„Римската волчица“ се наоѓа на петтото место на табелата со 25 освоени бода, единаесет помалку во однос на лидерот Наполи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА