Жозе Мурињо е подготвен за враќање на тренерската работа, но трофејниот стратег ги демантираше гласините дека се договорил за веднаш да седне на клупата на Реал Мадрид. Шпанските медиуми тврдат дека е постигнат договор меѓу Мурињо и Флорентино Перез, но „специјалниот“ децидно демантира дека воопшто разговарал со првиот човек на „кралскиот клуб“, камоли да се договорат сите услови за соработка.
„И јас прочитав од весниците, но вистината е дека не знам ништо, тоа е обична шпекулација. Не се кријам од никого, разгледувам опции, но не сум разговарал со Флорентино Перез. Се занимавам со работи за кои немам време додека сум тренер, се надевам дека ќе имам работа од летово, дека ќе почнам нормална пред-сезона од јуни и јули. Во моментов немам ништо конкретно да кажам“ – изјави Мурињо.
Во меѓувреме, мадридските медиуми остануваат на ставот дека Португалецот е главен фаворит за нов тренер. Според нивните последни информации, дуелот со Валјадолид ќе биде последен за Солари на клупата на Реал, а Мурињо на почетокот од следната седмица и дефинитивно ќе се врати назад во Мадрид, на клубот што го водеше во периодот од 2010 до 2013 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА