Жозе Мурињо почна да повлекува конкретни потези на чело на Фенербахче, се со цел да биде составен тим што по неколку години пауза ќе го врати Фенер на тронот на турскиот фудбал.
Тој ќе има богат буџет на засилувања, Мурињо веќе успеа да создаде бура ангажирајќи го голгетерот Ченк Тосун од лутиот ривал Бешикташ, а денеска се очекува да биде комплетира уште еден супертрансфер за Фенербахче.
Ален Сан-Максиман ќе биде најнов адут на „специјалниот“ во Истанбул, откако Мурињо успеа да го убеди поранешниот фудбалер на Њукасл да му се приклучи во турскиот гигант. Сан-Максиман ја мина ланската сезона во Ал Ахли каде му беше соиграч на нашиот Езгијан Алиоски, но реши да се врати назад во европскиот фудбал, прифаќајќи и помала плата само за да потпише за Фенербахче.
Турските медиуми најавуваат дека Французинот вечерва ќе пристигне во Истанбул, каде по деталните лекарски прегледи ќе следи и потпис на договорот со новиот клуб.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

