Жозе Мурињо направи споредна на фудбалерите некогаш и денес и дава интересна дефиниција за модерниот фудбал. Португалецот седеше на клупата на Порто, Интер, Челси, Реал, а сега го води Манчестер јунајтед и како еден од тренерите со најголемо искуство во најсилните светски клубови, од сегашна перспектива жали за старите добри времиња кога, како што вели фудбалерите беа вистински „мажи“, а сега се деца со скапи играчки.
„Се уште не можам да се привикнам на овој свет, на она што се младите денес. Некогаш за разлика од денес, играчите беа прифесионалци во вистинска смисла на зборот. Еден Франк Лампард на 23 години беше вистински маж, кој целосно му беше посветен на фудбалот и на тренингот. Денес фудбалерите на таа возраст се обични деца. Всушност, тие се обични разгалени детишта опкружени со некои работи кои мене не ми помагаат во работата, а ни нив во животот“ – вели Мурињо.
Португалскиот стратег е свесен дека мора да се прилагоди на новите трендови, но не крие дека понекогаш жали за добрите стари времиња.
„Пред десет години ниеден играч во соблекувалната немаше мобилен. Сега тоа како тренер мора да го прифатите, оти ако се побуните ќе дојдете во судар со играчите. Можете ли да го спречите играчот да направи нешто глупаво на социјалните мрежи. Нема шанси“- се пожали Жозе Мурињо.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА