Мурињо нема долго да чека на нов ангажман – се враќа во Англија

Португалскиот тренер Жозе Мурињо кој утрово доби отказ од Фенербахче, нема многу да чека на нова работа. Турскиот тим му врачи отказ поради неуспехот да се пласира во Лигата на шампионите и елиминацијата од Бенфика.

Но, со огласно најавите тој треба деновиве да го комплетира својот „кам-бек“ во Премиерлигата. Екипата на Вест Хем најверојатно ќе биде неговата следна дестинација, со оглед дека му се заканува отказ на Грем Потер после очајниот старт во Премиерлигата. Исто така се споменува и Нотингем Форест како можна дестинација ако Маринакис се одлучи да му врачи отказ на Нуно Еспирито Санто.

Мурињо во Англија ги водеше екипите на Челси, Манчестер Јунајтед и Тотенхем. Беше тренер и на Порто, Интер, Реал Мадрид, Рома.

Се вчитува...