Жозе Мурињо нема да ја води Бенфика на реваншот во Лигата на шампионите против Реал Мадрид на „Сантијаго Бернабеу“. „Специјалниот“ за само една минута доби два жолти картони, и беше исклучен од мечот.
Португалецот збесна после една одлука на арбитрите, односно кога сметаше дека играч на Реал Мадрид треба да добие исклучување. Но, откако тоа не се случи, неговите протести продолжија и по жолтиот картон, што резултираше со исклучување.
Затоа Мурињо на реваншот во Мадрид ќе мора да се пресели на трибините, и улогата на тренер да ја предаде на некој од помошниците. Реал Мадрид славеше со 0-1 со гол на Винициус, по кој следуваше расистички скандал и прекин од 10 минути.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

