Тренерот на Рома, Жозе Мурињо е познат во јавноста што многу често се врзува со одредени играчи и ги сака како свои синови. Меѓутоа сево ова има и друга страна, односно обратна од онаа, па така немаше милост кон младиот играч кому му го исполни ветувањето дека ќе му купи скапоцени патики поради двата гола кои ги постигна со Џенова.
Станува збор за Феликс Џан, младиот 19-годишен играч кој има се помала минутажа, а сега дојде време и за разделба. Мурињо е подготвен да се откаже од него и да го прати на позајмица во Кремонезе.
Португалецот и онака мислел да го испрати на позајмица, но неговата одлука доби потврда откако Џан му ја скрши ногата на Вајналдум, откако остро стартуваше врз него, со што Холанѓанецот го чека долга пауза. Кремонезе веќе неколку пати го бараше Џан, а Мурињо цело време се двоумеше.
Разделбата со Џан доаѓа и поради фактот што во следните денови Рома треба да го комплетира трансферот на Андреа Белоти од Торино.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА