Тренерот на Бенфика, Жозе Мурињо, беше бесен откако неговиот тим загуби со 0-1 од Реал Мадрид во првиот натпревар од плејофот на Лигата на шампионите меѓу двата тима. Тој ги загуби нервите на теренот и беше исклучен од судијата.
Натпреварот ќе биде запаметен по расистичкиот скандал во кој беше вклучен Винициус, кој го обвини Престијани дека го навредувал на расна основа. Сепак, „Специјалниот“ не му верува на Бразилецот и се прашува зошто вакви работи постојано му се случуваат на секој стадион.
„Нешто не е во ред бидејќи се случува на секој стадион. На секој стадион каде што игра Винициус, секогаш се случува нешто. Секогаш. Му реков на Винициус: кога ќе постигнеш таков гол, не можеш да го славиш на тој начин. Имај почит кон публиката“, рече Мурињо и додаде дека Бенфика не е расистички клуб.
„Овој клуб го има Еузебио како легенда – црн играч. Последното нешто што овој клуб го прави е да биде расистички“, додаде Мурињо.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

