Мурињо носи амајлија за среќа – Тоа го правам 17 години… (ФОТО)

Непосредно пред победничкиот гол на Маркус Рашворд со кој Манчестер јунајтед во продолжението славеше против Андерлехт за пласман во полуфиналето на Лигата на Европа, Жозе Мурињо имаше необичен ритуал покрај аут линијата. Камерите ја фатија сцената кога менаџерот на Манчестер јунајтед вади мал предмет од џебот го бакнува и повторно го враќа назад. Среќната амајлија на Португалецот личи на мала книга со тектст на левата страна.

На прес конференцијата по мечот новинарите го прашаа Мурињо за неговата амајлија и дали тоа им донело среќа на „црвените ѓаволи“ да стигнат до победа.

„Тоа не е поради нашиот резултат. Јас го правам тоа многупати , но можеби вие тоа го видовте денеска. Го правам ова 17 години. Тоа е само моја религија и вера“ – со насмевка објасни Жозе Мурињо.

murinho 1

murinho 2

murinho3

Се вчитува...