Менаџерот на Манчестер јунајтед, Жозе Мурињо, силно го посакува Ерик Даер, играчот за врска на Тотенхем, да пристигне на „Олд трафорд“ ова лето. За него е подготвен да понуди 70 милиони евра и да ја разреши проблематичната позиција за последен играч за врска во својот тим.
Португалскиот стратег е импресиониран од игрите на Даер во составот на Маурисио Покетино и има голема желба да го види во своите редови. Но, засега Тотенхем е индиферентен на оваа понуда на Манчестер јунајтед. Менаџерот Покетино сака неговиот тим да остане конкурентен во трка за шампионската титула во Премиер – лигата и планира да се засили и со Матео Ковачиќ, хрватскиот интернационалец од Реал Мадрид. Од „Вајт Харт Лејн“ си замина единствено Кајл Вокер, кој не беше во добри односи со Покетино и играше малку во вториот дел од изминатата сезона. Тој го засили Манчестер сити.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА