Мурињо објасни зошто одбрал „ќелава глава“: Кога се видов на огледало…

Жозе Мурињо изненади многумина со својот нов имиџ. По еден од тренинзите на тимот Португалецот за медиумите објасни дека се шишал во соблекувалната на тимот, но сега призна дека тоа и не е точно.

Мурињо призна дека бил приморан да го направи тоа. Тренерот на Тотенхем не бил задоволен како првично го „средил“ фризерот, па потоа му наредил да го шиша „нуларица“.

„Приморан бев да го направам ова. Фризерот првично не го направи тоа што го побарав од него, и сето тоа лошо испадна. Кога се погледнав во огледало му реков да ме ишиша целосно. Ќе порасне, не сум загрижен премногу како изгледа мојата фризура во моментов“ – вели Мурињо.

Англиските медиуми се обидоа да откријат и за кој фризер се работи, но португалскиот стратег истакна дека тоа не сака да го открие затоа што така би му ја уништил „кариерата“.

Се вчитува...