Англија се избори за место во четвртфиналето на Европското првенство откако славеше со 2-0 во осминафиналната пресметка со Германија со што стигна чекор поблиску до враќање на трофејот во една од најфудбалските држави во светот.
Еден од оние кои ја прослави победата на Англичаните беше Жозе Мурињо кој девет години од својата тренерска кариера ја помина на „Островот“, а за Европското првенство работи и како стручен коментатор за тамошните медиуими.
„Искрено очекував ваков натпревар. По мое мислење Англија е многу тврда и компактна. Не постоеше подобар момент за историја. Многу сум среќен за Саутгејт, за играчите и за навивачите. И јас ја пеам „Доаѓа дома“, но фудбалот сеуште се нема вратено дома. На Англија и треба рамнотежа, не смее да „полета“ по оваа победа“, изјави Мурињо.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА