Мурињо одбил 100 милион евра од Кинезите

Жозе Мурињо одбрал да остане во Европа со семејството наспроти понудата од 100 милиони евра за тренерски ангажман во Кина. Поранешниот тренер на Порто, Интер, Челси и на Манчестер Јуанјтед добил пондуа од кинескиот суперлигш Гвангжу Евергранде која подразбирала повеќегодишен ангажман, а една сезона би му донела 30 милиони евра.

Овој клуб во моментов го предводи поранешниот италијански репрезентативец Фабио Канаваро. Жозе Мурињо од декември минатата година, по отказот во Манчестер Јунајтед е без ангажман. Тој пред извесно време изјави дека би сакал да ја проба и селекторската работа.

Се вчитува...