Мурињо: Одбив да бидам селектор на Португалија и на Англија

Португалскиот тренер Жозе Мурињо изјави дека одбил да биде селектор на Португалија и на Англија, пренесува „Сан“. Мурињо е еден месец без ангажман, откако доби отказ од Рома.

Португалскиот тренер во разговор со некогашниот англиски репрезентативец Рио Фердинанд, и открил дека во минатиот период имал неколку години има доста добри понуди.

„Одбив неколку одлични понуди за работа. Една беше многу тешко да се одбие, а тоа е да бидам селектор на Португалија. Можев да бидам нивен селектор, а можев да бидам и твој селектор. Да, понудата ми беше на маса“, му рекол Мурињо на Фердинанд.

Се вчитува...