Тренерот на Рома, Жозе Мурињо одново се најде во центарот на вниманието по ремито на Рома со Верона од 2-2. Тој по мечот распука по судиите, а кажа реченица поради која ризикува жестока казна. Португалецот не можеше, а да не го спомене и Јувентус.
„Намерно те пратиле. Јувентус те прати“, наводно се обратил на еден од судиите, а потоа ја шутна топката на трибините, по што беше исклучен.
После мечот челниците на Рома се извинуваа на судиите поради односот на португалскиот тренер, но штетата веќе беше направена.
Според изјавите, Мурињо ќе биде суспендиран на 2-3 натпревари.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА