Португалскиот стратег Жозе Мурињо останува на клупата на Манчестер јунајтед до 2020 година. Тој се сложи да го продолжи својот престој на „Олд трафорд“ и официјално потпиша нов двегодишен договор, со опција за продолжување на уште една дополнителна сезона доколку двете страни се задоволни од работата и резултатите.
„Навистина сум почестен и горд што добив нова доверба од Манчестер јунајтед. Би сакал да се заблагодарам на г-н Вудворд и на раководните луѓе на клубот и тоа ќе го стора, и со максимална посветеност и напорна работа. Верувам дека можеме да оствариме многи успеси во периодот што следи“, изјави Жозе Мурињо на официјалната презентација за продолжување на соработката.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА