Жозе Мурињо го презема Тотенхем изјави дека добил голем број пораки по добивањето на новиот ангажман. Мурињо скоро една година беше без работа откако доби отказ од Манчестер јунајтед. Тој вели дека по добивањето на новиот ангажман добил преку 700 пораки со честитки, од кои првата била од генералниот директор на Јунајтед Ричард Арнолд, а меѓу првите бил и Ед Вудворд.
„Беше убаво да се види како од мојот последен клуб Манчестер јунајтед има толку многу луѓе кои ми покажаа почит и чувства. Беше навистина убаво. Сите тие пораки се посебни. Прво беше генералниот директор на јунајтед Ричард Арнолд, трет или четврт беше Ед Вудворд“, изјави Мурињо.
Дебито на клупата на Тотенхем, Мурињо ќе го има утре во 13:30 часот на гостувањето кај Вест Хем.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА