Мурињо откри кој спорт воопшто не го разбира: Дури и денес, не можам да сфатам зошто го обожаваат

Жозе Мурињо се врати во Италија по 11 години и ќе ја води Рома следната сезона. Контроверзниот тренер беше гостин на спортска ТВ емисија, па Португалецот зборуваше за фудбалот и изјави дека ги сака скоро сите спортови.

Сепак, Жозе изјави дека постои само еден спорт што воопшто не го разбира.

“Целосно сум преокупиран со спортот. Ги сакам Олимписките игри, зависен сум од Формула 1, од тенисот, но има еден спорт што воопшто не го разбирам. Станува збор за Крикет. Додека работев за Боби Робсон, немаше начин да разберам зошто тој беше толку опседнат со овој спорт. Сè уште не ја разбирам опсесијата со спортот денес“, изјави Мурињо.

Инаку, Мурињо во својата кариера соработуваше со легендарниот Робсон во Спортинг, Порто и Барселона.

Се вчитува...