Тренерот на Бенфика, Жозе Мурињо, беше исклучен на натпреварот од Лигата на шампионите со Реал Мадрид поради жалба до судијата.
Реал Мадрид успеа да ја победи Бенфика на гостински терен со 1-0 (гол на Винисиус Жуниор), во плејофот од Лигата на шампионите.
По натпреварот, Португалецот откри прилично шокантен детаљ за кој се пожали.
„Му ја кажав вистината на судијата, но тие не сакаат да ја слушнат вистината. Нема што да се објаснува, сè е јасно. Бев исклучен поради нешто многу очигледно. Судијата имаше парче хартија на кое беа напишани имињата на Карерас, Чуамени и Хојсен и дека не можат да го играат реваншот ако добијат жолт картон вечерва. И не им го покажа. Карерас за таа гротескна симулација, а Чуамени за 10 прекршоци… Му реков дека поминав 1.400 натпревари на аут-линијата, од кои 200 во европски натпревари и дека точно знам кого може, а кого не може да запише во дефтерчето. На крајот, тој запиша некого што сите можеа да го видат… Знаеме како функционираат овие работи“, рече Жозе по натпреварот во Лисабон.
Мурињо нема да може да го води својот тим на реваншот поради суспензијата.
„Нема да седам на клупата, не можам да одам во соблекувалната, не можам да разговарам со играчите… Тешко ми е, но имам добри асистенти. Им реков на играчите да размислуваат исто како што мислеа кога бевме отпишани во групната фаза. Се додека има надеж и шанса за резултат, ќе одиме по тоа. Ова е сега натпревар каде што губиме со 0-1 на полувреме. Одиме на стадион каде што публиката е бучна. Само осигурајте се Ентони Тејлор да не се појави од некаде“ – Мурињо го спомна и англискиот судија со кого имаше проблеми додека беше тренер на Челси, Манчестер Јунајтед и Рома.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

