Манчестер јунајтед го освои трофејот во Лигата на Европа, а менаџерот Жозе Мурињо уште еднаш потврди дека е „специјален“, затоа што знае како да ги грабне пехарите кога ќе дојде до финалето. На крајот, успеа да го протне својот тим и во Лигата на шампионите следната сезона.
„Ова ми беше најтешката сезона во тренерската кариера. Не беше воопшто лесно да се игра на неколку фронта, знаејќи дека предводиш голем клуб, кој е навикнат на освојување трофеи. На крајот, излезе на добро, еве го освоивме пехарот, а ќе бидеме дел и од Лигата на шампиониоте. Морам да изразам благодарност до фановите, но и во овие тешки мигови за градот Манчестер да изразам несомнена поддршка до луѓето кои загубија свои најблиски во терористичкиот акт кој сите не потресе. Што се однесува до следната сезона, знам дека ќе бидеме уште подобри. Ед Вудворд веќе два месеци го има списокот на засилувања што сакам да ги добијам ова лето. Мое е да чекам, а негово е да тоа да го оствари“, изјави во свој стил, Жозе Мурињо, по триумфот со Манчестер јунајтед во Лигата на Европа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА