Жозе Мурињо се „претплати“ на суспензии во италијанскиот фудбал, па не е изненадување што португалскиот стручњак доби нова казна од еден натпревар на кој нема да може да го води тимот на Рома.
„Специјалниот“ овојпат е санкциониран поради црвениот картон во финишот од дуелот со Монца, кога Мурињо со гестикулации се потсмеваше со противничката клупа, за што беше исклучен од главниот судија. Денеска со одлука се јавија „дисциплинците“, казнувајќи го стратегот на Рома со еден меч суспензија. Ако се знае дека следен меч на Рома е гостувањето против Интер, јасно е дека Мурињо нема да може да ја води „волчицата“ против тимот со кој пред десетина години освои се што можеше да се освои.
Казна од еден меч неседење на клупата заработи и неговиот прв асистент Нуњо Сантош, додека Рома е казнета со 10.000 евра поради задоцнетото враќање од соблекувалната на стартот од второто полувреме.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

