Мурињо пак „плаче“: Побарав пет играчи, не добив ниту еден…

Поразот од големиот ривал Ливерпул со убедливи 4-1 беше причина Жозе Мурињо повторно да почне со изговори за слабите игри на својот тим. Тој уште еднаш потсети дека му недостигаат бројни првотимци, но исто така и се пожали дека управата не му ги исполнила желбите кога станува збор за засилувањата за наредната сезона.

„Поред повеќе од еден месец составив список од пет играчи што сакам да ги видам во Манчестер. Од тие пет не добив ниту еден, се надевам дека до крајот на преодниот рок на 9 август ќе имам барем еден до двајца. Тоа се играчи кои ќе го направат тимот посилен, нема дискусија околу тоа“ – истакна Мурињо.

Според британските медиуми, на врвот на листата со желби се наоѓал Герет Бејл, кој дефинитивно останува во Реал Мадрид, а Мурињо покрај ангажманот на Мегвајер од Лестер се надева и на нов крилен офанзивец, со оглед на фактот дека Марсијал дефинитивно летово ќе си замине од „Олд трафорд“.

Се вчитува...