Мурињо пак претера – се скара и со клупската телевизија

Жозе Мурињо не може да има ден без да влезе во конфликт со некого, но стратегот на Манчестер јунајтед денеска се надмина, откако јавно ги „искара“ новинарите од клупската телевизија поради прашањата што му ги поставуваат. Конфликтите на Португалецот со новинарите се нормална работа за него, но во ситуација кога станува збор за „Манчестер јунајтед ТВ“, јансо е дека Мурињо повеќе има проблем сам со себе, отколку со претставниците на „седмата сила“.

Во случајов, како „провокација“ го оцени прашањето да даде краток осврт за здравствениот билтен на играчите во пресрет на утрешното дерби со Арсенал.

„Не сакам да ви одговарам и нема да го сторам тоа. Би сакал Арсенал ТВ да го постави истото прашање, но не го поставува. Тие кријат се, па зошто јас да ви одговорам“ – лут беше Мурињо на новинарите.

Од она што е познато, Португалецот за утрешното дерби дефинитивно нема да може да смета на Линделоф, Алексис Санчез и на Ешли Јанг, а неизвесен е настапот на Баи, Смолинг, Шо, Џонс, Рашфорд и на Дармијан.

Се вчитува...