„Жозе Мурињо остана расоплакан кога го издаде Сер Алекс Фергусон, неговиот голем пријател и идол…“, открива шпанскиот новинар Диего Торес во книгата „Подгиотви се да изгубиш: Ерата на Мурињо“
Причината поради која Мурињо останал разочаран во солзи е тоа што Фергусон не го прогласил за свој наследник кога во 2013 година го напушти Манчестер јунајтед после 26 години поминати на клупата на „црвените ѓаволи“.
Наместо Мурињо, кој очекуваше дека ќе го наследи својот идол на „Олд Трафорд“, Манчестер јунајтед го презеде Дејвид Моес.
Скромниот Шкот, како наследник на својот славен сонародник на клупата остана само една сезона во која Манчестер јунајтед на крајот заврши дури на седмото место во Премиер лигата.
Торес во книгата пишува дека Мурињо се чувствувал предаден бидејќи Фергусон наместо него го препорачал Моес.
„Беше убеден дека Сер Алекс не му е само пријател, туку и сојузник и кум. Мурињо беше убеден дека списокот на трофеи што ги имаше освоено го прават единствен кандидат за наследник на Фергусон“.
Шпанскиот новинар во книгата открива детали од драмата што ја преживувал Мурињо во 2013 година.
„Моес беше поставен за тренер на 9 мај, а Мурињо, тогаш тренер на Реал Мадрид, чекајќи го расплетот во Јунајтед две ноќи не спиеше. Тоа беа најнесреќните и најстресни денови од неговиот престој во Мадрид. Тие две ноќи ги помина одејќи низ својот апартман во мадридскиот Шератон, цело време погледнувајќи на мобилниот во исчекување на повикот од Алекс Фергусон, кој никогаш не стигна…“
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА