Мурињо по победата од 5-1: Не ми се допадна како одигравме

Рома стигна и до шестата победа во шест меча под водство на Жозе Мурињо откако во Конференциската лига славеше над ЦСКА Софија со убедливи 5-1. Бугарите беа првите кои поведоа во мечот, меѓутоа „волчицата“ веќе до полувреме успеа да го превземе водството, а до крајот на мечот да стигне и до убедлива победа.

Сепак по натпреварот и покрај убедливата победа, стратегот на Рома упати критики до својот тим за прикажаното на натпреварот.

„Не играме добро. Полека формираме прав тим, но не ми се допадна како одигравме. На моменти бевме добри, но мора да играме повеќе тимски кога влегуваме во тешки моменти. Не можам да кажам и дека игравме лошо, но не бевме ниту добри, поготово не да добиеме натпревар со 5-1“, изјави Мурињо.

Се вчитува...