Рома настапот во Купот на Италија го заврши во четвртфиналето каде избраниците на Жозе Мурињо за противник го имаа „неговиот“ Интер, а загубија со 2-0 во домот на „нероаѕурите“.
„Волчицата“ повторно потфрли во натпревар против тим од горниот дел на табелата, а италијанскиот медиум „Газета дело спорт“ пренесува дека атмосферата во соблекувалната по натпреварот била жестока, а во центарот на вниманието бил португалскиот стратег кој урлал на своите играчи.
„Сакам да знам зошто во натпревар во кој играте против Интер се по*равте во првите 10 минути како и против Милан. Сите до еден, без исклучок. Најголемата мана на еден маж е кога нема ма*иња или нема карактер. Дали стравувате од вакви натпревари? Тогаш играјте во Серија Ц. Таму нема шампион, нема полни стадиони и нема притисок. Немате ма*иња! Тоа е најлошата работа за еден маж“, велел Мурињо.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА