По поразот во шампионатот од Арсенал (1-2) и испаѓањето од Лигата на Европа со дебакл против Динамо (0-3), Тотенхем конечно успеа да дојде до победа на гости против Астон Вила (2-0) во 29. коло од Премиерлигата. „Спарс“ со тоа се вратија во борбата за место кое води во Лигата на шампионите, а за нив е особено важно што освоија триумф само три дена по шокантното испаѓање од Динамо.
Жозе Мурињо не можеше да се воздржи а да не зборува за неодамнешниот пораз во Загреб, па даде свој коментар по победата над Астон Вила.
„Пресреќен сум од резултатот, играта и пристапот. Сепак, јас сум многу незадоволен од ова… Ако одигравме вечерва ваков натпревар, зошто моите играчи не можеа да го сторат истото претходно? Тој натпревар во Загреб ќе биде лузна за нас уште долго време“, изјави Мурињо.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

