Мурињо победата против Интер ја проследи од автобус па се приклучи на славјето (ФОТО)

Рома стигна до голема победa на гостувањето кај Интер во дербито на 8. коло од Серија А. Тимот од Рим славеше со 1-2 без помошта на својот тренер Жозе Мурињо кој доби суспензија од еден натпревар поради црвениот картон на дуелот против Аталанта.

Португалскиот стратег мечот го проследи од автобусот на тимот, а во текот на истиот на социјалната мрежа Инстаграм постојано постираше „сториња“. Тој издивнуваше, велеше дека „тука му е крајот“, од нервоза мораше и да прошета околку автобусот, но на крајот славеше заедно со фудбалерите во соблекувалната.

 

Се вчитува...