Мурињо: Подобро да го укиниме ВАР, кога и онака ништо не гледа!

Португалскиот стратег Жозе Мурињо повторно е во центарот на вниманието, овој пат онака директно пред јавноста поставувајќи ја темата околу исправното функционирање на ВАР-технологогијата, која според него не само што не помага туку и му штети на фудбалот.

Мурињо секогаш нагласува дека ВАР-технологијата само дополнително го разгорува страстите затоа што е очигледно дека на крај човекот си ги толкува или „замижува“ ситуациите како што сака. Мурињо само се дополнува на Англичаните кои долго време веќе размислуваат да го укинат ВАР-системот.

Португалецот е фрустриран поради тоа што Бенфика, како што вели, е оштетувана буквално на секој натпревар, и тоа токму од ВАР кој не ги корегира судиските пропусти. Според Мурињо, ако системот не може да интервенира во очигледни и крупни грешки, тогаш не ја оправдува својата цел.

„Подобро е ВАР да се укине. Ако ВАР не може да реагира кога има грешка од толку големи размери, тогаш за што служи? Се чини дека не прави ништо. Во еден таков случај, за фудбалот е подобро да го нема“ – вели Мурињо, во моментите по двата неуспешни резултати на Бенфика кои беа комбинирани со спорни судиски одлуки.

Се вчитува...