Мурињо: Португалија без Роналдо е просечна репрезентација

Португалија одигра без голови на пријателскиот меч со Мексико, дуел што мина и без посериозни шанси на двете страни. Иако станува збор за контролен дуел, се поголеми се сомнежите на португалската јавност дека Мартинез како селектор може да ја одведе оваа репрезентација да се вмеша во борбата за медал на претстојниот мундијал.

Импресиониран од она што го виде не беше ниту Жозе Мурињо, кој не го криеше разочарувањето од изданието на Португалија, наведувајќи дека отсуството на Кристијано Роналдо (не играше поради повреда) оставило преголема трага.

„Португалија е извонредна репрезентација кога Роналдо е во тимот. Исто така, е просечна репрезентација кога тој не е  во составот. Слушам луѓе како велат дека требало да престанеме да го повикуваме во репрезентацијата, дека сме играле слабо со него во нападот. Епа еве, денеска тој не играше, сите го видовте резултатот. Не ддадовме гол, не се заканивме, немаше страв кај противникот. Бевме селекција што играше под притисок на противникоот. Тоа е реалноста, кога Кристијано е на теренот, ривалот секогаш има од кого да стравува. Кога Роналдо не е во тимот, нема страв кај ривалите“, истакна Мурињо.

Се вчитува...