Жозе Мурињо ги разреши сите дилеми околу својата иднина откако ја прифати понудата на Фенербахче, па попладнево и официјално го стави својот потпис на двогодишниот договор со турскиот гигант.
„Специјалниот“ доаѓа како големо засилување за Фенер во обид конечно овој тим да се врати на тронот на турскиот фудбал, откако сезонава по голема битка сепак ја загуби шампионската трка од Галатасарај. Мурињо имаше неколку понуди на маса, но на крајот реши да ја прифати онаа на Фенер, како клуб со кој може пвоторно да освојува трофеи.
Договорот е со важност до 2026 година, со можност за продолжување за уште една дополнителна сезона, а Мурињо во текот на преговорите инсистирал на една важна клаузула. Имено, Португалецот инсистирал да може да добие раскин на договорот само во еден случај – ако добие понуда да стане селектор во татковината. Тој неодамна обелодени дека два пати ја одбил оваа селекторска функција, но дека без размислување би прифатил ако му се укаже и трета шанса, поради што побарал и добил клаузула од Фенер, да може да си замине од Истанбул и да се врати во татковината ако Португалците го побараат за кормилар на националниот тим.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА