Оваа сезона ќе биде последна за Златан Ибрахимовиќ во дресот на Манчестер јунајтед, потврди денеска и Жозе Мурињо, ставајќи до знаење дека на шведскиот ас нема да му биде понуден нов договор од страна на „црвените ѓаволи“. Ибрахимовиќ пристигна на „Олд трафорд“ пред две сезони како слободен играч од ПСЖ, а во мај заработи тешка повреда на коленото.
Во ноември беше потпишан нов договор со важност до крајот на сезонава, но Златан во меѓувреме е предалеку од улога на стартер.
„Ова ќе биде последна сезона за Златан во нашиот клуб. Тој е извонреден фудбалер, врвен професионалец, и ќе има можност да го избира својот следен потег во кариерата, дали ќе продолжи да игра или ќе каже збогум“ – изјави Мурињо.
Британските медиуми најавуват дека Ибрахимовиќ својата кариера ќе ја продолжи во МЛС-лигата, во дресот на ЛА галакси.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА