Тренерот на Рома, Жозе Мурињо е заинтересиран за ангажман на фудбалерот на Евертон, Доминик Калверт-Луин, пренесуваат италијанските медиуми. Доколку се реализира трансферот тоа ќе биде седмо засилување за „волчицата“ од Премиерлигата во ерата на португалскиот стратег.
Калверт-Луин кој во еден момент беше најбаран фудбалер во Премиерлигата во последните две сезони се соочи со тешки повреди кои го спречија да го достигне потенцијалот, но по надминувањето на повредите во новата сезона влегува со старите цели.
Жозе Мурињо на 26-годишниот напаѓач гледа како идеална замена за Тами Абрахам кој се очекува да пропушти дел од сезоната поради повреда.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА