Мурињо ги обвини вештачкиот терен и судиите за поразот во Норвешка

Тренерот на Рома, Жозе Мурињо се пожали на квалитетот на тревникот на мечот со тимот од Норвешка. Рома синоќа беше поразена од Боде-Глимт со 2-1 во рамки на четвртфиналниот меч на Конференциската лига.

Тренерот на „волчицата“ дефинитивно не очекуваше ваков резултат, па во свој стил имаше изговори за поразот.

„Имаме повреден фудбалер. Овој пораз го припишувам на играње на пластични терени. Ова е надвор од наша контрола. Луѓето одлучија европските натпревари да се играат на пластични терени … Се надевам дека во реваншот ќе имаме подобар судиски тим, на овој меч ни поништија два гола од непостоечки офсајд“, изјави Мурињо.

Реваншот ќе се игра на 14 април на стадионот Олимпико во Рим.

Се вчитува...