Мурињо повторно „плаче“: Џабе се менуваат правилата, кога и сега клуб како Лацио може да победи со гол постигнат од офсајд

Рома повторно направи кикс откако на домашен терен не успеа да го скрши отпорот на незгодната Болоња, па на крајот дуелот заврши без голови 0-0.

Meнаџерот на Рома, Жозе Мурињо не ја криеше својата лутина поради ситуација која се случи на еден друг натпревар.

За разлика од Рома, нивниот градски ривал Лацио славеше со 4-3 на гости кај Специја, па сега двата римски тима имаат по 59 бодови и се во „мртва трка“ за местата кои водат излез во натпреварувањата на УЕФА за следната сезона.

Мурињо вели дека 22 години е во фудбалот и дека многу работи се менуваат, но фактички ништо посебно не се менува. Португалскиот стратег обвини дека Лацио до победата над Специја стигнал со гол постигнат од офсајд.

„Ништо не е сменето. Цели 22 години сум тренер и уште ништо не е сменето. Многу работи се менуваат во фудбалот, но во основа нема ништо сменето. И по 22 години уште можеш да победиш меч со гол постигнат од офсајд. Така беше кога почнував, така е и сега. Во ова коло се случи тим да победи со гол постигнат од офсајд“, луто изјави Мурињо.

Од фотографиите кои се појавија на социјалите мрежи, сугестијата е дека Ачерби од Лацио бил во недозволена позиција, но судиите не реагираа, исто како и арбитрите во ВАР собата. Токму Ачерби беше стрелец на голот за победа на Лацио на гостувањето кај Специја и тоа во 90 минута.

 

 

Се вчитува...