Мурињо повторно поцрвене – Бенфика се врати од негатива од два гола за реми против Порто (ВИДЕО)

Фудбалерите на Бенфика и Порто одиграа без победник 2-2 во суперинтересен натпревар како дел од 25. коло од португалскиот фудбалски шампионат.

Гостите поведоа со 0-1 со голот на Фрохолд во 10. минута. До крајот на првиот дел беше и 0-2 откако прецизно стрелаше Пјетушевски во 40. минута. Домаќините намалија на 1-2 преку Шјелдеруп во 69. минута, додека конечните 2-2 ги постави Бареиро во 89. минута.

Жозе Мурињо не би бил Жозе Мурињо доколку на крајот не направи свое шоу и поради навреди кон главниот судија доби директен црвен картон.

Benfica [2]-2 Porto – Leandro Barreiro 89'
byu/Meladroit10 insoccer

Standings provided by Sofascore

 

Се вчитува...