Мурињо повторно се враќа на тренерската работа

Португалецот Жозе Мурињо наскоро се враќа на тренерската работа. Мурињо е без ангажман повеќе од една година.

„Уморен сум од одморот. Првпат живеам во стилот на навивач, и сега знам како им е кога трае преодниот рок. Барам клуб за себе, ги разгледувам сите опции. Ќе се вратам, но ќе видиме каде. Репрезентација? Тоа да, но за десет години“ – вели Мурињо, и дополнува:

„Кога водиш репрезентација, тоа се премалку натпревари а јас на тоа не сум навикнат. Би сакал еден ден како селектор да стигнам до финале на Светско или Европско првенство“.

Мурињо во моментов работи како стручен коментатор на „Скај спортс“. Во професионалната кариера беше тренер на Бенфика, Порто, Челси, Интер, Реал Мадрид и Манчестер јунајтед.

Се вчитува...