Фенербахче во очаен натпревар доживеа вистински дебакл со поразот од 1-3 на домашен терен од Глазгов Ренџерс, со што се чини ќе ги заврши натпреварите во осминафиналето од Лигата на Европа.
Но, ниту тоа не го спречи секогаш театралниот Жозе Мурињо да продолжи со циркузантскиот и арогантен однос и на прес-конференцијата по мечот, демонстрирајќи дрскост кон турските медиуми кои го нападнаа по мечот.
На едно од новинарските прашање Мурињо почна да превртува очи, па да глуми дека му се спие поради должината на прашањето, на крајот и ништо да не одговори.
😴💤 José Mourinho didn’t like that long question 😁 @BeanymanSports 🎥 pic.twitter.com/YSGuy4xDqD
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) March 6, 2025
Сепак, Португалецот генерално на прес-конференцијата призна дека тимот играл катастрофално, па и тој пораз од 1-3 е добар ако се погледне играта.
„Не може да кажам дека бевме лоши во одбраната, бидејќи вистината е дека бевме лоши во секој дел од играта, од секој аспект. Може да ми се смеете, но за мене ова е и добар резултат на крај. Ако се погледне нашата игра, работите можеа да бидат многу полоши. Нашиот настап беше слаб во секој поглед. Ги губевме дуелите, нашите додавања не беа доволно брзи, се на се многу лошо“ – истакнаМурињо.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

