Португалецот Жозе Мурињо е пред отказ во Рома, пренесуваат италијанските медиуми кои веќе информираат и за неговиот наследник на клупата на „волчицата“.
По синоќешниот убедлив пораз на тимот од Милан, Италијанците пренесуваат дека Мурињо е пред сигурно заминување од клубот а негов наследник ќе биде една од легендите на Рома – Даниеле де Роси.
Де Роси за Рома играше од 2001 до 2019 година и со Франческо Тоти е најголема легенда на клубот од овој век.
Настапи на вкупно 616 натпревари за „волчицата“ постигнувајќи и 63 гола и со 60 асистенции. Беше дел од италијанската репрезентација која во 2006 година ја освои светската шампионска титула на Мундијалот во Германија.
Де Роси е на почеток од својата тренерска кариера која ја започна есента 2022 година во второлигашот СПАЛ, но веќе во февруари 2023 година го напушти клубот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА