Мурињо продолжува да ниже засилувања

Фудбалерот од Мали, Доргелеш Нене, го засили Фенербахче, објави денес турскиот клуб.

Досегашниот офанзивен играч од средниот ред, 22-годишниот Нене ја започна својата професионална кариера во Салцбург во 2021 година, но беше позајмен во Лиферинг, Рид и Вестерло.

Тој изминативе години постигна 22 гола во 87 натпревари за Салцбург.

„Добредојде во нашето семејство, Нене. Нашиот клуб постигна договор со австрискиот клуб Салцбург за траен трансфер на играчот од Мали, Доргелеш Нене. Играчот, кој ги заврши медицинските прегледи, потпиша петгодишен договор. Му посакуваме добредојде на Нене и му посакуваме успех во дресот на нашиот клуб“, објави Фенербахче, без детали за цената на трансферот.

Се вчитува...