Мурињо првото засилување во Фенербахче го носи од Реал Мадрид

Жозе Мурињо дојде во Истанбул каде ќе го тренира Фенербахче за годишна плата од 10 милиони евра. Португалецот потпиша на две години, а еден од првите потези во гигантот од Истанбул беше повикот до неговиот поранешен клуб Реал Мадрид да го убеди раководството да го испрати Арда Ѓулер на позајмица.

Еден од најголемите турски таленти штотуку пристигна од Фенер минатата година во Реал, каде потпиша шестгодишен договор. Сепак, младиот офанзивец не играше најдобро во Мадрид, не само поради огромната конкуренција, туку и поради бројните повреди, па настапи на само 10 првенствени натпревари. Сепак, тој за само 373 минути поминати на теренот постигна дури шест гола.

Бидејќи Килијан Мбапе и Ендрик од следната сезона ќе ја засилат и онака огромната конкуренција во нападот на Реал, јасно е дека на Ѓулер ќе му биде тешко да биде стандарден. Поради тоа, според шпанските медиуми, Мурињо стапил во контакт со Реал и му предложил да го вратат Ѓулер во Фенер на позајмица до крајот на сезоната.

Се вчитува...