Мурињо сака да го откупи Шкрињар од ПСЖ

Познатиот експерт за трансфери, Фабрицио Романо известува дека Фенербахче му испратил на ПСЖ голема понуда за Милан Шкрињар, искусниот словачки стопер.

Жозе Мурињо, тренерот на турскиот клуб, сака да го доведе Шкрињар, но ПСЖ сè уште не дал зелено светло за трансферот. Според Романо, и Шкрињар сака да си замине.

Словакот ја помина последната полусезона на позајмица во Фенер, одигра 23 натпревари за Турците и постигна три гола. Сега од турскиот тим сакаат да го откупат договорот на Шкрињар од ПСЖ.

Се вчитува...