Англискиот премиерлигаш Манчестер јунајтед нема така лесно да се откаже од услугите на шпанскиот интернационалец Андер Херера. Иако оваа сезона многу ретко е стартер во неговиот тим, менаџерот Жозе Мурињо верува во неговите квалитети и сака да го задржи најмалку уште една сезона. Токму затоа раководството на клубот веќе ја активираше клаузулата во договорот, според која соработката може да биде продолжена до 2019 година.
Во спротивно, Херера ќе биде слободен агент претстојното лето, а за него постои сериозен интерес од Барселона и од Јувентус. Но, „црвените ѓаволи“ не сакаат да се откажат од него, иако оваа сезона Немања Матиќ кој дојде од Челси, е првата опција на Мурињо на позицијата последен играч за врска.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА