Тотенхем ќе се бори за пласман во Лигата на шампионите оваа сезона, а Жозе Мурињо сака да ја засили конкуренцијата во тимот со еден одбранбен фудбалер. Изборот падна на неговиот сонародник, Португалецот Рикардо Переира од Лестер. Мурињо е подготвен да плати 30 милиони фунти и да го доведе во Лондон клако поддршка и освежување на одбранбената линија.
Переира има големо искуство стекнато во Порто и во Ница, а последните две сезони настапува за Лестер и остави одличен впечаток. Мурињо смета дека би бил добро решение за дефанзивниот ред на Тотенхем.
Сепак, тешко е да се поверува дека „лисиците“ ќе го пуштат Переира да си замине среде сезона, со оглед на фактот дека овој тим го очекува битка за влез во Лигата на шампионите.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

