Белгиецот Ромелу Лукаку долго време беше најавуван како ново засилување за англискиот шампион Челси, но Жозе Мурињо успеа да го убеди да пристигне на „Стемфорд бриџ“. Иако трансферот се уште не е официјализиран, јасно е дека Манчестер јунајтед излезе како победник за робусниот напаѓач. Но, Мурињо не сака да застане тука. Сака да му го „украде“ пред нос и Бакајоко на менаџерот на Челси, Антонио Конте.
Тиму Бакајоко исто така подолг период се најавува како потенцијално засилување за Челси, но работата се уште не е завршена. А откако Конте го стопираше трансферот на Немања Матиќ од Челси во Манчестер јунајтед, сега Жозе Мурињо тргнува по Бакајоко. „Црвените ѓаволи“ се подготвени да платат 40 милиони фунти за овој играч за врска и да го доведат на „Олд трафорд“. Ќе реагира ли сега побрзо Конте?!
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА