Жозе Мурињо се соочува со проблеми во Манчестер јунајтед и според англиските медиуми не е исклучена можноста да го напушти клубот на крајот од сезоната, една година пред истекот на договорот. По завршувањето на преодниот рок се чинеше дека „црвените ѓаволи“ конечно имаат конкурентен тим, но после 11 натпревари во Премиер лигата, Манчестер јунајтед има осум бода помалку од првопласираниот Манчестер сити.
Навивачите се назадоволни од слабите резултати, а Португалецот е незадоволен од управата на клубот. Според локалните медиуми блиски до клубот, недоразбирањата и нетрпеливоста стигнале до тој степен, што Мурињо веќе размислува и за заминување од Мaнчестер јунајтед.
„Не верувам, не сум сигурен дека ќе ја завршам кариерата овде“ – изјави неодамна Жозе Мурињо.
Неофицијално, португалскиот стручњак не е задоволен од поддршката од управата на „Олд Трафорд“ и влезе во судир со директорот Ед Вудворд бидејќи смета дека англискиот великан не вложил доволно во тимот. Манчестер јунајтед летово потроши 150 милиони фунти на трансфери, 70 милиони помалку од градскиот ривал кој под водство на Пеп Гвардиола, на почетокот на сезоната доминира во Премиер лигата.
Мурињо сакаше во тимот да ги донесе Иван Перишиќ и Герет Бејл, но Вудворд не го исполнил тоа, а како што наведува „Манчестер ивнинг њуз“, ниtu за Антоан Гризман немало „конкурентна“ понуда.
Најавите на Мурињо за заминување од Манчестер се поврзуваат со наводната понуда што ја има од Пари Сен Жермен. А, и Португалецот веќе спомена дека неговиот следен ангажман може да биде во Париз.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА