Мурињо: Сакам јавно да му се извинам на Ренато, и мене ми беше тешко…

Рома загуби со 2-0 на гостувањето против Болоња, а во центарот на вниманието се најде Жозе Мурињо, откако стратегот на гостите се налути на својот фудбалер Ренато Санчез, па го повлече од игра само 18 минути откако овој влезе на теренот на стартот од второто полувреме.

Мурињо веднаш по мечот проговори за оваа одлука, извинувајќи му се на својот сонародник кој е дел од Рома откако пристигна на позајмица од ПСЖ.

„Сакам јавно да му се извинам на Ренато Санчез. Да го повлечам од игра по само 18 минути, секако дека му беше тешко, но и мене ми беше тешко што морав да донесам таква одлука. Имам направено вакво нешто 3-4 пати во кариерата, знам дека не е лесно и му се извинувам на Ренато“, истакна Мурињо.

Се вчитува...