Мурињо: Само им одговорив на навредите

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо, вели дека гестикулацијата по победата на неговиот тим над Јувентус во Торино била само одговор на навредите кои ги трпел од навивачите на домашниот тим во текот на целиот натпревар.

„Ме навредуваа цели 90 минути. Јас дојдов овде само да си ја работам мојата задача. Никого не навредив. Со гестот само сакав да покажам дека сакам да ги слушнам погласно. Можеби не требаше тоа да го направам, веројатно со мирна глава и не би го сторил тоа. Но, кога ми го навредуваат семејството, вклучувајќи го и тоа во Интер, морам вака да реагирам“ – рече Мурињо по натпреварот.

Мурињо е омразен лик во Торино од периодот кога го предводеше Интер, особено што во 2010 година, Португалецот и најголемиот ривал на Јуве освоија три титули, две домашни и пехарот во Лигата на шампионите.

„Ова беше фантастична победа за нас. Не само поради бодовите, туку и поради тоа како одигравме. Дури и да не победевме ќе го имав истото чувство дека моите фудбалери беа одлични во текот на целиот натпревар“ – рече Португалецот.

Манчестер Јунајтед со пресврт во финишот славеше со 2-1 на гостувањето кај Јувентус и ја продолжи серијата од три последовни победи на теренот на италијанскиот шампион. Јувентус и натаму е лидер на табелата во групата со девет бода, два повеќе од англискиот тим. До крјаот од групниот сегмент има уште две кола.

Се вчитува...